• 01.jpg
  • 02.jpg
  • 03.jpg
  • 04.jpg
  • 05.jpg

Days before years

 

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно календарот, Регионалните натпревари ќе се реализираат на 22.03.2025 година со почеток во 10:00 часот. Темите и материјалите дадени се во Пропозициите кои се објавени на нашата официјална страна.

Теми и материјаили за подготовка на регионалните натпревари:

VII одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби во Република Северна Македонија-Соодветни материјали со релевантни информации и податоци според содржини според наставната програма за 7 одд.
VIII одделение: Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална поделба на Европа (Јужна Европа)- Учебник по Географија за 8 одделение од авторите Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, во издаваштво 2020 година од МОН
IX одделение: Азија, Африка и Америка - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, издадено во 2023 година од МОН
На регионален натпревар ќе учествуваат ученици кои освоиле прво, второ и трето место и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бода на натпреварот.

Доколку од општината нема ученик со 85 бода, првопласираниoт од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.

Право за директно учество на регионален натпревар имаат учениците кои живеат во општина со помалку од 3 училишта.

Државниот натпревар ќе се реализира на 10.05.2025 година на Универзитетот Скопје со почеток во 10:00 часот.

Теми и материјаили за подготовка на државен натпревар:

VII одделение: Државни натпревари: Природно-географски карактеристики, Население и населби, Економско-географски карактеристики и Заштита на животна средина на Република Северна Македонија- Соодветни материјали со релевантни информации и податоци според содржини според наставната програма за 7 одд.
VIII одделение: Природно-географски, социо-географски карактеристики и регионална поделба на Европа- Географија за 8 одделение заосновно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН.
IX одделение: Азија, Африка, Америка, Австралија со Океанија и Поларни области - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, издадено во 2023 година од МОН
На државен натпревар учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место на регионалниот натпревар и сите натпреварувачи кои имаат освоено над 85 бода.

Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот од соодветниот регион се приклучува кон учениците кои се пласирани за државен натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на државниот натпреварот.

Регионалните и државниот натпревар ќе се реализираат со физичко присуство.

Дополнителни информации за одржување на натпреварите ќе ви бидат доставени благовремено, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk/.

Организаторот го задржува правото за измени на Календарот согласно условите за реализација на натпреварите.

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

 

ЛОКАЦИЈА НА ОДРЖУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА