Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, на 09.06.2022 година (четврток) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот наторевар по географија за учебната 2021/2022 година.
Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со почеток во 13:00 часот.
За освоено прво, второ и трето место, учениците, менторите и училиштата ќе бидат соодветно наградени.
Сите останати учесници добиваат пофалница за учество на Државниот натпревар.
Наградите се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.
Здружението на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје