Почитувани колеги,
Ве покануваме да учествувате на 9-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 17.12.2022 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.
За учесниците на Собранието предвиден е семинар за стручно усовршување и профсионален развој со доделување на соодветни сертификати.
Предлог дневниот ред и сите пропратни материјали, ќе ви бидат испратени по електронски пат.
По завршување на работниот дел, организирана е географска вечер за сите членови на здружението.
Патните трошоци за учество на Собранието и трошоците за географска вечер се на товар на Здружението, обезбедени преку фондот Проф. д-р Љубе Миленковски.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 12.12.2022 на службениот маил на здружението This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или преку регионалните координатори.
Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Проф. д-р Аце Миленковски