По повод новогодишните и божикните празници, на 17 јануари 20204 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, бисерот меѓу македонските градови и притоа го реализираа своето традиционално празнично дружење.
Домаќин на оваа активност беше колегата Сашко Стефановски.
Паричката како симбол на среќа и воедно должност за продолжување на традицијата, оваа година се најде во рацете на колешката Јулијана Максимовска што значи домаќин на следното дружење е градот Скопје.
Уште еднаш, како и многу пати досега се покажа дека географијата не е само наука, не е само предмет и ориентација во просторот, туку таа преку ЗПГМ претставува форма преку која се создаваат и негуваат искрени пријателства, се искажува меѓусебната почит и се зајакнува социјализацијата како општествена функција и непрекинат процес.