Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта ќе се одржи на 18.05.2024 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Темите за натпреварите по географија во 2024 година произлегуваат од наставната програма за 7, 8 и 9 одделение.
Теми на државниот натпревар за:
7 одделение: Природно-географски карактеристики, Население и населби, Економско-географски карактеристики и Заштита на животна средина на Република Македонија
8 одделение: Природно-географски, социо-географски карактеристики и регионална поделба на Европа
9 одделение: Азија, Африка и Америка Австралија и Поларни области
Учениците треба да бидат придружувани од менторот или друго лице назначено од менторот или училиштето.Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите на натпреварувачите.
П Р О Г Р А М А
09:30 - Поздравување на учесниците на натпреварот (проф. д-р Дејан Наковски, потпретседател на ЗПГМ)
09:35 - 09:55 - Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
10:00 - 11:00 - Натпреварувачки дел
11:00 - 11:30 - Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови
Ви посакуваме добро здравје и успех на државниот натпревар!
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје