Новооткриеното вселенско тело „Атлас“ лета кон Земјата и станува сè посветло
Љубителите на астрономијата наскоро ќе можат да видат голем спектакл, бидејќи древната комета која што не е видена во близина на Земјата илјадници години, наскоро ќе помине во нашиот дел на галактичкиот универзум.
Кометата „Атлас“ на 27-ми мај 2020 година, ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од околу 117 милиони километри, а последен пат го посетила нашиот Сончев систем во текот на IV-от милениум п.н.е., во времето кога Египќаните ги граделе големите пирамиди.
Официјалното име на кометата е C/2019 I4, додека „Атлас“, е наречена според името на телескопот со кој што е забележана, на крајот на декември 2019 година. Како се доближува до нашиот Сончев систем, кометата станува се посветла. Минувајќи покрај Земјата, таа е на пат да стане една од најсветлите комети која што ќе го украси ноќно небо.
Според изјавата на Karl Botams, од лабораторијата за поморски истражувања во Вашингтон, кометата во моментот испушта огромно количество гасови и затоа е толку сјајна.
Од своето откритие на 28 декември 2019 година, кометата станува се посветла и според тоа ја достигнала осмата категорија. Таа може да достигне магнитуда од +1 до -5 до мај, кога ќе биде најблизу до Сонцето. Иако не е видлива со голо око, телескопите со средна големина треба да ја детектираат кометата во текот на ноќта.
Според Људмила Кошман, астроном во Московскиот планетариум, кометата C/2019I4 Atlas, чие јадро содржи отворено хемиско соединение наречено цијаноген, поради соларниот оган. Таа почнува да развива две опашки – една гасовита, а друга составена од прашина. И двете изгледаат спектакуларно додека ги набљудувате.
Интересно е да се запамети дека кометите се „чудни“ и за време на секое нивно патување околу Сонцето, замрзнатите состојки испаруваат, што резултира силен сјај околу јадрото. Сончевите ветрови потоа го „истегнуваат“ во опашката на кометата, при што некои се протегаат милиони милји од „главата“ на кометата (mnn.com.).
Во некои случаи, кометите за кои научниците очекуваат да блеснат понатаму, се однесуваат сосема поинаку и го намалуваат нивниот сјај. Други пак, се распаѓаат и згаснуваат додека се движат.
https://www.youtube.com/watch?v=v6_zKgmxRnw https://www.youtube.com/watch?v=g6bWCwh7dao&feature=emb_title https://www.youtube.com/watch?v=WTQFSPdsvA8