На 23.12.2020 година, беше одржан состанок на Извршниот одбор на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, на кој присуствуваа членовите на сите Комисии, советникот по географија во БРО и претседателот на Независниот синдикат за образование и наука.
На состанокот главен акцент беше ставен на проектирање план за развој на здружението во наредниот период, претстојните натпревари по географија и дискусија во врска со најактуелната тема деновиве, новиот концепт за основно образование кои деновиве ја разбрануваа јавноста.
Со сериозна загриженост и достојно внимание ЗПГМ ги следи истите со цел заземање правилен став во интерес на своите членови, учениците и географијата како наставен предмет.
Секојдневно ја гледаме грдата страна на времето во кое живееме, но ние географите можеме да ја покажеме и убавата страна и само заеднички и организирано да ги надминеме сите предизвици кои стојат пред нас.