Почитувани колеги,

Во пресрет на одржувањето на Општинскиот натпревар по географија за учениците од основното образование, ве информираме подетално за текот на натпреврите:

• Почетокот на натпреварот е во 14 часот, на 13.03.2021 година (сабота);
• Учениците да обезбедат соодветен технички уред за натпреварот, и задолжително да имаат вклучено камера и микрофон;
• Секој обид на злоупотреба, натпреварувачот ќе биде соодветно санкциониран, односно дисквалификуван;
• Пристапот до тестот ќе се реализира во посебен тим (насловен Општински натпревар по географија), во Microsoft teams;
• Пожелно е учениците во 13:50 да бидат подготвени и вклучени на Teams.
• Точно во 14:00 часот ќе добијат линк на кој треба да започнат со потполнувањето на тестот;
• Учениците имаат на располагање 60 минути да одговорат на прашањата;
• По завршување на теститирањето да потврдат дека завршиле (задолжително треба да се избере SUBMIT);
• Во 15:00 часот завршува натпреварувањето, а конечните резултати и пласман ќе биде истакнат на веб страницата на Здружение на професори по географија на Македонија ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје;
• Незадоволните ученици или менторот имаат право на приговор до Државната комисија, најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите;
• Комисијата е должна иститот ден да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот. Резултатите од одговорот по приговорот се конечни;
• Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на општинскиот натпревар, сите ученици го делат истото место;
• На регионален натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено над 85 бодови на натпреварот;
• Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар;
• На општинските натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.


Им посакуваме успех и добро здравје на сите учесници и нивните ментори! 

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје