На општинските натпревари по географиа за ученици од Основните Училишта од вкупно пријавени 284 ученици, учествуваа 243 ученици од двете одделение, кои своите знаења ги покажаа преку националната платформа за далечинско учење MS Teams.
Следното ниво на натпреварување, односно на регионалните натпревари ќе продолжат со своето учество сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3(три) училишта.
На општинските натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место со освоени над 85%, додека останатите добиваат пофалници за учество.
Менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
Официјалната ранг листа е конечна.
Датумот и местото на одржување на регионалните натпревари дадени се во табеларниот прилог.
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА 7-МО ОДДЕЛЕНИЕ
ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА 9-ТО ОДДЕЛЕНИЕ
Место на реализација на региналните натпревари
Државна комисија:
1. Проф. д-р Дејан Наковски
2. М-р Мите Ристов
3. Бурим Алиу