На 21.05.2022 година се одржаа Регионалните натпревари по географија за ученици од 6, 7, 8 и 9 одделение од Основните Училишта.

На годинешните Регионални натпревари учествуваа 356 ученици.

Резултатите на учениците се конечни и дадени се во прилог.

Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалните натпревари, сите ученици го делат истото место.
На државниот натпревар учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаат освоено над 85 бодови на натпреварот.
Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
На сите учесници им благодариме за довербата, а на оние кои продолжуваат на следното ниво на натпреварување им посакуваме успех.

 

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

 

Државна комисија:
Доц. д-р Дејан Наковски
м-р Мите Ристов
Бурим Алиу