Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 9-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 17.12.2022 година (сабота), со почеток во 12:00 часот.

За учесниците на Собранието предвиден е семинар за стручно усовршување и профсионален развој со доделување на соодветни сертификати.
Предлог дневниот ред и сите пропратни материјали, ќе ви бидат испратени по електронски пат.
По завршување на работниот дел, организирана е географска вечер за сите членови на здружението.
Патните трошоци за учество на Собранието и трошоците за географска вечер се на товар на Здружението, обезбедени преку фондот Проф. д-р Љубе Миленковски.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 12.12.2022 на службениот маил на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку регионалните координатори.
Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ

Проф. д-р Аце Миленковски