По повод новогодишните и божиќните празници, на 16 јануари 2023 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Кочани, центарот на Кочанското Поле и град познат по „белото злато“ оризот и геотермалната вода. Домаќин на оваа традиционална географска средба беше колегата Сашко Стефановски, на која присуствуваа околу 50 професори од целата држава.

Работниот дел од средбата се одржа во кабинетот по географија во ООУ „Никола Карев“ каде беше одржано кратко предавање за безбедно движење во природа при реализирањето на практичната настава по географија. Исто така се дискутираше и за проблемите на кои наидуваат професорите по географија во наставата, почнувајќи од недостатокот на учебници и квалитетна стручна литература, како и неадекватниот третман на државата кон предметот географија.
Велат, на среќата неможеш да и зстанеш на пат, па така на традиционалната вечера, паричката како симбол на среќа и воедно должност за продолжување на традицијата, по втор пат се најде во рацете на колегата Сашко Стефановски, што значи домаќин на следното дружење е градот Кочани.
Уште еднаш, како и многу пати досега се покажа дека географијата не е само наука, не е само наставен предмет. Географијата преку ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје претставува форма преку која се создаваат и негуваат искрени пријателства, се искажува меѓусебната почит и се продолжува традицијата како нешто што го создава и потврдува нашиот идентитет.

01 02 03 04 0506