На 4.12.2024 година, претставници на највиското раководство на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, оствари средба со Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.
Темата на состанокот беше во насока на опстојување на предметот географија на сите нивоа на образование (основно и средно) како национален предмет од клучно значење.
Покрај санирање на последиците од новата концепција за основно образование, во текот на конструктивниот разговор, министерката се осврна и на промените кои треба да се случат во наредниот период, сѐ со цел напредок на образовниот процес во Република Македонија.
Двете страни изразија задвоволство од средбата бидејќи беа потврдени идентични ставови во однос на статусот на географијата како наука и како наставен предмет. Здружението и понатаму целосно го става својот интелектуален потенцијал во интерес на позитивните промени што треба да следуваат понатаму.