По повод новогодишните и божикните празници, на 17 јануари 2025 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, се дружеа во Скопје каде колешката Јулијана Максимовска му го предате кумството на колегата Сашко Стефановски.

Од Скопје, паричката како симбол на среќа и воедно должност за продолжување на традицијата, заминува во Кочани кај Саше кој по трет пат ќе биде домаќин на ова јануарско дружење.
Уште еднаш, како и многу пати досега се покажа дека географијата не е само наука, не е само предмет и ориентација во просторот, туку таа преку ЗПГМ претставува форма преку која се негува традицијата, се создаваат и зацврстуваат искрени пријателства, се искажува меѓусебната почит и доверба.

01 

d37cab46 4b36 4fdb 8422 02bcdc0ce7a5