На 56-тиот натпревар на млади техничари и природници, младите натпреварувачи во областа применета географија ги презентираа своите трудови и знаења пред комисијата составена од ЗПГМ-Скопје.
На 4.04.2015 година се одржаа 56-тиот натпревар на млади техничари и природници во организација на Народна техника – Скопје.
Како резултат на соработката помеѓу Здружението на професори по географија на Македонија ЗПГМ-Скопје и Народна техника – Скопје, оваа година ЗПГМ – Скопје даде свој придонес преку учество во оценувачкиот дел, делегирајки трочлена комисија во натпреварувачката област Применета географија во состав проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, м-р Дејан Наковски и м-р Јулијана Петровска.
Со овие активности ЗПГМ-Скопје започнува да ја реализира својата статутарна определба да стане значаен субјект во општественото живеење во државата.
https://geograf.mk./novosti/156-56#sigProIdaf64a14d99