Согласно Програмата за работа, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, за сите членови на здружението, организира дводневна теренска настава низ Западна Македонија.
Теренската настава не е на трошок на членовите и ќе се реализира на 01 и 02 (среда и четврток) јули 2015 година. Програмата за патување ќе биде поставена на нашата официјална страна дополнително.
Сите заинтересирани членови треба да се пријават најдоцна до 15.06.2015 година, заради успешна организација и реализација на планираната активност.
Пријавувањето може да се изврши во канцеларијата на здружението, преку официјалната e-mail адреса или на телефон 072 254 196.
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Јулијана Петровска