Согласно Годишната програма за работа, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје, организира еднодневна посета на Врање и Врањска Бања - Р. Србија (теренски практикум). Теренскиот практикум е по повод една година од иницијативата за формирање на ЗПГМ„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје.

Теренската настава  е на трошок на членовите и ќе се реализира на ден 20 (недела) декември 2015 година.

Сите заинтересирани членови треба да се пријават најдоцна до 17.12.2015 година, заради успешна организација и реализација на планираната активност.

Пријавувањето може да се изврши во канцеларијата на здружението, преку официјалната e-mail адреса или на телефон 072 254 196.

Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје

             ПРЕТСЕДАТЕЛ

      м-р Јулијана Петровска