Почитувани колеги и колешки,
Ве покануваме да учествувате на отворениот состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија која функционира во рамки на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје. Состанокот ќе се одржи на ден 15.01.2016 година со почеток во 14:00 часот, во просториите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Состанокот е закажан како една од програмските активности на нашето здружение, а врз основа на сознанијата за престојните измени на наставните планови и програми по географија за средните училишта во Републка Македонија.
Со своето присуство, мислење, сугестии и предлози, ќе придонесете во изготвување на квалитетни предлог програми кои се во интерес на сите носители на дејноста, а пред се на учениците.
Дневниот ред за седницата е:
1. Извештај од работата на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија
- Гордан Стојановски, координатор на работната група за средно образование
2. Потребата од измени на наставниот план и програма по географија за средно образование
- Ивица Гиевски, советник во БРО
3. Дискусија, мислење и предлози
4. Тековни прашања
Ги молиме заинтересираните учесници да се најават и да го потврдат своето присуство на тел.: ++ 389 072 25 41 96, ++ 389 078 44 16 25 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Ви благодариме за Вашето присуство.
Со почит,
Скопје, 10.01.2016 година
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска