Почитувани колеги,

Согласно програмата за работа, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, организира работен состанок во СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

Воспоствената пракса за реализирање на состаноци надвор од просториите на здружението под наслов „Поблиску до членовите“, се покажа како мошне корисна и потребна активност која во иднина уште повеќе ќе се интензивира. Целта на овие активности е директно запознавање на членовите со визијата и мисијата на здружението, размена на искуства, дружење како и предлози на членовите кои имаат врска со наставата по географија а се предмет на интерес на здружението.
По тој повод, ги покануваме сите заинтересирани членови да земат учество на состанокот и предвидените активности за тој ден.

А Г Е Н Д А
на активностите за четврток, 12 Мај 2016 година

14:30 Работен состанок во СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка
15:30 – 16:10 Отворен час на колегата Гордан Стојановски
16:10 – 17:30 Посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски
17:30 Заедничко дружење во ресторанот Воденица

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска