Почитувани колеги и колешки,

Ве покануваме да учествувате на отворениот состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија која функционира во рамки на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје.

Состанокот е закажан како една од програмските активности на нашето здружение, а врз основа на сознанијата за престојните измени на наставните планови и програми по географија за основните училишта во Републка Македонија.
Со своето присуство, мислење и сугестии, ќе придонесете во изготвување на квалитетни предлози за измени на наставните програми по географија кои се во интерес на сите носители на дејноста, а пред се на учениците.
Состанокот ќе се одржи на ден 6.09.2017 година со почеток во 18:30 часот, во просториите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ