Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје Ви посакува среќна Нова година и Божиќни празници!

NYMC

На 22.12.2018 година, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, се одржа 7-та седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ.

Почитувани,

По повод 25 - годишнината од смртта на нашиот патрон,  проф. д-р Љубе Миленковски, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ''– Скопје, Ве поканува да присуствувате на 7-та Седница на Собрание на здружението.

На 15.12.2018 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и со поддршка на УТМС Институтот за национална географија, беше реализирана првата обука на тема „Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“.

Почитувани колеги,

Ве покануваме да учествувате на 7-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 22.12.2018 година, со почеток во 13:00 часот.