Со цел да се запознаат условите во кои живеат и работат професорите по географија во овој регион, вчера Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“ како дел од своите зацртани програмски активности имаше работен состанок во Кочани.

Кочани домаќин на географите од Македонија

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“, реализираше уште една од своите програмски активности како одраз на целосна транспарентност во своето делување. Имено, во текот на денешниот ден, согласно мисијата и визијата зацртани во Статутот и програмата за работа, 60 географи/члнови на здружението од повеќе градови на Република Македонија, беа во посета на градот Кочани со цел остварување на меѓусебна средба и запознавање на условите во кои живеат и работат колегите од овој регион.

Почитувани колеги,

Ве информираме дека за патувањето на едноднвниот семинар во Кочани (19.11.2016 година) за групата која тргнува од Скопје е организиран превоз со автобус. 

Ве замолуваме, најдоцна до 6:50 часот да бидете пред УТМС, заради навремено заминување според програмата во 7:00 часот. Во 7:30 часот во Велес ќе се приклучи и групата од овој град.

 

ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ - Скопје

 

Почитувани колеги,

Согласно годишната програмата за работа Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ: Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 19.11.2016 година организира еднодневен теренски практикум во градот Кочани, во рамки на програмската активноста за доближување до членовите.

Здружението на професори по географија на македонија „Проф. д-р Љубе миленковски“ на сите граѓани на Република Македонија ѝм го честита денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбa

23 oktomvri