На општинските натпревари по географиа за ученици од Основните Училишта учествуваа вкупно 662 ученици од VI и VIII одделение, кои оваа година своите знаења ги покажаа преку националната платформа за далечинско учење MS Teams.

 

Поради технички проблеми со кои се соочиле учесниците или поради непочитување на напатствијата, некои учесници не се рангирани.
На регионален натпревар ќе учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3(три) училишта.
На општинските натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место со освоени над 85%, додека останатите добиваат пофалници за учество.
Менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
Официјалната ранг листа е конечна.
За датумот и местото на одржување на регионалните натпревари дополнително ќе бидете известени.

Државна комисија:
1. Проф. д-р Дејан Наковски
2. М-р Мите Ристовски
3. Бурим Алиу

 

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ