Почитувани ученици и ментори,

Ве известуваме дека датумите за реализирање на Регионалните и Државниот натпревар по географија се одложуваат поради објективни причини, односно поради воедначување со другите натпревари по географија на сите нивоа и проблемот со поклопување со термините на одржување на натпреварите по други предмети.

Натпреварите за учениците од сите одделенија од основното образование кои го изучуваат предметот географија ќе се одржат на:
- Регионални натпревари: 14.05.2022 година со почеток во 11:00 часот;
- Државен натпревар: 04.06.2022 година со почеток во 11:00 часот.

Ве известуваме дека оваа година реализацијата на натпреварите ќе се одвива со физичко присуство кое ќе биде реализирано според предвидената динамика и во место определено од организаторот (во прилог дополнително).
Напоменуваме дека учениците треба да бидат присутни во 10:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Натпреварите ќе се одвиваат според приложените напатствија, Протоколот и Пропозиции, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје