Почитувани ученици и ментори,
На барање на повеќе колеги/ментори, Ве известуваме дека поради совпаѓање на датумите за реализација на регионалните натпревари со натпреварите по математика, хемија и други предмети, како и државните празници, се менува датумот за реализирање на натпреварите по географија.
Натпреварите за учениците од 6, 7, 8 и 9 одделение ќе се одржат на:
- Регионални натпревари: 21.05.2022 година со почеток во 11:00 часот.
- Државен натпревар: 04.06.2022 година со почеток во 11:00 часот.
Ве известуваме дека оваа година реализацијата на натпреварите ќе се одвива со физичко присуство во место определено од организаторот. (во прилог).
Напоменуваме дека учениците треба да бидат присутни во 10:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Натпреварите ќе се одвиваат според приложените напатствија, Протоколот и Пропозиции, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk.
NJOFTIM-PËR-KONKURS-NË-GJEOGRAFI-2022
МЕСТА НА ОДРЖУВАЊЕ РЕГИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје