Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
Предмет: Покана за учество на Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на 3-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 25.04.2015 година, со почеток во 10:00 часот.
Дневниот ред за седницата е:
1. Отворање на седницата и обраќање на м-р Јулијана Петровска, претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје.
- тема: „Формирање на Здружението - перспективите и можностите за усовршување на наставниците по географија преку учество во активности на здружението ’’
2. Значењето на теренската настава како еден од условите за подобрување на квалитетот на работата на наставниците по географија
(претставување на агендата за теренска настава)
- Обраќање на Проф. д-р Ѓорѓи Павловски
3. Географијата и нејзината улога во сите сегменти на општественото живеење
- Обраќање на Проф. д-р Мијалче Ѓорѓиевски
4. Мерливост на знаењето
- Предавање на Проф. д-р Зоран Ивановиќ
5. Имплементација на современа методологија во наставата на сите нивоа на образование
- Обраќање на Проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
6. Дискусии на членовите на Собранието
Ви благодариме за Вашето присуство.
Со почит,
Скопје, 17.04.2015 година
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска