Скопје, април 2015.
До Професорите по географија во Република Македонија
Почитувани колеги и колешки,
Врз основа на потребата за стручно усовршување и професионален развој на наставниците по географија на основните и средните училишта, Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје, во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на ден 25. 04.2015 година, организира еднодневна обука за наставници по географија во основни и средни училишта на тема: „ Апликативни трендови во современата настава’’
Цели на обуката:
- унапредување на компетенциите на наставникот преку усвојување знаења за примена на лидерските вештини како предуслов на успешен наставен час
- менаџирање со наставниот час со користење на современи стратегии, методи и техники во наставата;
- потикнување на презентерски вештини кај учениците и начин на објективно оценување на истите;
Очекувани ефекти:
- ќе може да се подигне квалитетот на наставата со примена на современи наставни практики и примена на современа методологија во наставата по географија;
- ќе се стекнат знаења, вештини и компетенции при реализирање на наставата и воннаставните активности;
- ќе се добие континуирано едуцирање на членовите ( организирани семинари и обуки);
- ќе се збогати CV-то на наставниците
- ќе се развие чувство за припадност, демократичност, меѓусебна почит и разбирање
Регистрацијата на учесниците ќе започне во 9:00 часот.
Ги молиме учесниците да се најават и да го потврдат своето учество на тел.: ++ 389 2 3093 209, на факс.: ++ 389 2 3093 209, на моб.тел. ++ 389 072 25 41 96 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
П Р О Г Р А М А
за
Еднодневна обука за наставници по географија на основните и средни училишта во Република Македонија на тема:
„Апликативни трендови во современата настава’’
Наслов на темата: „Апликативни трендови во современата настава’’
1. „ Наставник - лидер ’’
- Проф. д-р Александра Стоилковска
2. „Менаџмент во училница’’
- Доц. д-р Валентина Палевска Муцунска
3. „Вештини на презентирање’’
- Доц. д-р Сашко Граматниковски
Обуката ќе се спроведе во форма на работилници (предавање, презентација и вежби), распоредени во три групи, кои ќе се реализираат во просториите на УТМС ( 201,202,101 и во амфитеатар на УТМС), со почеток во 13:30 часот.
НАПОМЕНА: Предавањата ќе се повторуваат во сите три термини со различни групи и со примери од географијата.
- Доделување на сертификати на учесниците
- Географска вечер
Ви посакувам успешна работа!
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска