Настан кој предолго им недостасуваше на географите
- Трета Седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје
- Обука „Апликативни трендови во современата настава’’
- Географска вечер
Во сабота, на 25.04.2015 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, беа реализирани неколку активности за географите од целата територија на Република Македонија, кои беа крунисани со географска вечер и дружење во ресторанот Ореов лад.
Во работниот дел од денот, беше одржана Третата Седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, како и обука на теми од областа на менаџментот во училница, под наслов „Апликативни трендови во современата настава’’
Саботните активности беа настан кој предолго им недостасуваше на географите, настан кој ги обедини сите и уште еднаш ја потврди потребата од овој тип на здружување и начин на делување. Саботните активности беа настан, кој го врати достоинството на професорите по географија онака како што им доликува и на начин на кој што тие тоа и го заслужуваат.
Одржана Третата Седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
На 25.04.2015 година, со почеток во 11:00 часот, во амфитеатарот на УТМС се одржа Третата Седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
Во преполна сала со вкупно 157 учесници од сите градови, Седницата ја отвори и водеше м-р Јулијана Петровска, претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. Таа, во својот поздравен говор, се осврна на потребата од формирање на здружението - перспективите и можностите за усовршување на наставниците по географија преку учество во активности на здружението. Покрај тоа, таа истакна дека визијата на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, е развиен, модерен и напреден едукативен центар на професори по географија од Република Македонија, во кој напредокот на географијата ќе претставува примарна цел.
Нашата визија е препознатливост во државата, но и меѓународно поврзување со исти или слични здруженија. По тој повод, беше испратена честитка до Американската асоцијација на географи (Association of American Geographers), која од 21 до 25 април во Чикаго го одржува своето редовно Собрание.
Пред членовите на Собранието свое излагање имаа еминентни професори од областа на географската пракса, како: проф. д-р Ѓорѓи Павловски, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, проф. д-р Аце Миленковски, проф. д-р Зоран Ивановиќ и проф. Ивица Гиевски.
Проф. д-р Ѓорѓи Павловски, говореше за значењето и потребата од теренската настава во наставата по географија при што ја претстави и програмата за дводневен наставен практикум како следна активност на здружението.
За географијата и нејзината улога во сите сегменти на општественото живеење, свои размислувања даде проф. д-р Мијалче Ѓорѓиевски, кој истакна дека без географија не може да се размислува за изучување на било која друга област.
Покрај нив, за современите наставни практики и за мерливоста на знаењето, како единствен начин за приближување на македонското образование до образовните стандарди на развиените земји во светот, предавање одржа проф. д-р Зоран Ивановиќ, редовен професор на Универзитетот во Риека.
Проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, имаше сеопфатно излагање на тема: Имплементација на современа методологија во наставата на сите нивоа на образование, почнувајќи од основното, средното, па се до високото образование по примерот на УТМС.
За состојбите во образованието во однос на географијата во нашата држава, говореше Ивица Гиевски, советник во БРО на Република Македонија.
Многубројните пријавени дискутанти на седницата, ја потврдија потребата од ваквиот начин на здружување и притоа беа отворени многу прашања кои допираат во проблематика на географската пракса како наставна категорија. Од седницата произлегоа голем број предлози и идеи за понатамошното делување на здружението.
Неколку часовна плодна расправа на седницата на Собранието, заврши со заклучок дека: Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје го оправда своето постоење, а постигнувањето на целите зацртани во програмата ќе бидат мотив за работа со уште позасилен интензитет на сите членови на здружението.
Успешно завршена обука на географите од основни и средни училишта
Како една од програмските цели на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, е организирање на обуки преку кои ќе се изврши едукација на наставниците за стекнување нови знаења, вештини и компетенции и која ќе им биде од непосредна корист при реализирање на наставните и воннаставните активности. За таа цел, во сабота, на 25.04.2015 година, во просториите на УТМС беше реализирана еднодневна обука на тема: „Апликативни трендови во современата настава“. Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со нови стандарди и да стекнат вештини преку кои наставникот треба да постигне ниво на добар лидер, менаџер и презентер, како предуслови за успешен наставен час.
Обуката која ја организирше ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, беше реализирана од страна Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. За учеството на обуката, со сертификати се здобија 126 учесници, професори по географија од целата држава. Квалитетот на обуката и сертификтите со кои се здобија, учесниците ги оценија многу високо и изразија огромно задоволство.
По доделувањето на сертификатите, саботните работни активности беа крунисани дружење на географската вечер во ресторанот Ореов лад, каде географите покажаа дека ова е вистинскиот начин за нивно меѓусебно запознавање и дружење кое исто така е многу важно во нивната работа од аспект на размена на лични знаења и искуство.
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
https://geograf.mk./novosti/171-rabotna-sabota-za-geografite#sigProId37f06ae4d4