ОДБЕЛЕЖАН РОДЕНДЕНОТ НА ПАТРОНОТ НА ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ

 

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, помогнато од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, повторно ги обедини професорите по географија, реализирајќи уште една програмска активност. Имено, во текот на вчерашниот и денешниот ден беше спроведена теренска настава на која учество земаа повеќе од 60 географи, членови на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје.

 

01

Поаѓање на групата од пред Универзитет за туризам и менаџмент 

Од Скопје, преку Маврово, Дебар и Вевчани до Охрид, со извонреден микс на географски и историски факти, пренесени од искуството на проф. д-р Ѓорѓи Павловски, стручниот пристап и ексклузивните информации на проф. д-р Коле Павлов и проф. д-р Сашо Кожухаров, предизвикаа живописните долини на Радика и Црн Дрим, да се доживеат во едно несекојдневно издание. Извонредниот талент за поетско изразување и хумор на колегата Стојан Арсиќ, придонесе првиот ден од овој теренскиот практикум да помине во пријатна атмосфера.

02

Попатно предавање на проф. д-р Ѓорѓи Павловски

Со мирисот на цвекиња и чистиот планински воздух на Бистра, и со поглед на Мавровското Езеро, беше вистинско уживање да се испие утринско „географско“ кафе.
Она што предизвика посебно внимание беше посетата на манастирот Св. Ѓорѓија Победоносец во село Рајчица, каде што географите имаа ретка можност да ја видат рачната изработка на „МИТРИ“ за свештените лица.

03

Во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓија Победоносец“, село Рајчица

04

Рачно изработена „МИТРА“ од монахињите од манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“

05

Раката на Св. Ѓорѓија Победоносец

Движејќи се низ еден од најживописните региони во Македонија, следната дестинација и одмор на групата беше во Вевчани, каде Вевчанските Извори и карактеристични градби на куќи во оваа Општина, беа уште едно пријатно доживување кои при секоја нова посета открива нешто ново.

06

На пат кон Вевчанските Извори

07

Освежување со вевчански малини

Првиот ден од патувањето беше крунисано со географска вечер, при што, за прв пат се одбележа роденденот на нашиот патрон проф. д-р Љубе Миленковски, кој воедно е и ден на здружението, кој секоја година ќе се одбележува на истиот датум.

08

Географска вечер

 09

Со добро расположение на географската вечер

Вториот ден од теренскиот практикум, започна со обука на тема: „Ревидирана Блумова таксономија“, која беше реализирана од страна на Ивица Гиевски, советник по географија во БРО на Р. Македонија и Јулијана Максимовска, професор по географија во основно училиште. Притоа беше отворена конструктивна дискусија за актуелните состојби во врска со предметот географија, беа дадени корисни предлози и идеи за понатамошното делување на здружението, кои се во интерес на географите и географијата како наставен предмет.

010

Обука на тема: „Ревидирана Блумова таксономија“

Патувањето на групата продолжи со попатно предавање за географските одбележја на Националниот Парк „Галичица“, при што пред посета на манастирскиот комплекс Свети Наум се направи панаромаски разлгед на Музејот „Залив на коските“.

11

Пред музејот „Залив на коските“

Туристичкиот разглед на манастирскиот комплекс и изворите „Острово“ ги воодушевени колегите и заради  професионалноста на м-р Јово Ратковиќ кој направи одличен спој помеѓу историјата и географијата. 

13

Предавање на м-р Јово Ратковиќ

12

Во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“

Уште еднаш се потврди дека формирањето на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, претставува вистински чекор во афирмација на една професија која долго време е на маргините на транзициските процеси на образовнието во државата. 

 14

На изворите „Острово“

15

Ручек во пријатна атмосфера

Ова патување беше само еден почеток и успешен вовед во нови патувања, семинари, дружења или со еден збор, доследна реализација на програмските цели на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.