Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, на ден 9.07.2015 година потпиша договор за соработка со МЗ Галичник.
Договорот за соработка беше потпишан од страна на м-р Јулијана Петровска, претседател на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“-Скопје и г-дин Митре Ажиевски, претседател на МЗ Галичник и преседател на Организациониот одбор на манифестацијата Галичка свадба.
Тие истакнаа дека поврзувањето и соработката на здруженијата и фондациите во државата, претставува носечки столб на секое демократско општеството и токму од тие причини ваквиот вид на соработка треба да претставува негова движечка сила.
Според договорот двете страни се обврзаа да соработуваат на повеќе полиња од заеднички интерес а ќе отвараат нови можности соработка и афирмација на програмските цели, визијата и мисијата на двете потпишани страни.
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска