„......МОЈОТ НАРОД Е НАЈБОГАТ НА СВЕТ
СО ПЕСНИ, ВИНО И ПРИЈАТЕЛИ.........“ 

01 MK

Почитувани колеги и колешки,

Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје како единствена придружна членка на Светската туристичка организација (UNWTO) од Република Македонија, во партнерство со Qatar Airways на 27.09.2017 година со почеток во 19:00 часот на универзитетот ќе го одбележи Светскиот ден на туризмот.
По тој повод, а врз основа на договорот за соработка, упатена е покана до сите членови на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, заедно да го одбележиме настанот.

Да бидеме дел од настанот со вино и стиховите на Владо Јаневски!

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Јулијана Петровска