Членовите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, на 27.09.2017 година, се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на туризмот, организиран од страна на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

По тој повод, Н.Е. гдин Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија, на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, му подари книги во знак на благодарност и припадност на ова големо семејство.
Во преубавата атмосфера, нескриено беше уживањето и вљубеноста во песните на Владо Јаневски, еден од најголемите ѕвезди на нашата музичка естрада. Во неврзан разговор со нашите колегите, тој нагласи дека еден од омилените предмети му била токму географијата.
Продолжуваме по нашиот пат на учење, надградување, патување и уживање!

01  02  03  04  05  06  07  08  09  10