Претставници на комисии и координаторите на програмските активностите, на работен состанок во пресрет на Годишното собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“.

Денес голем циклон го погоди островот Фиџи. Циклонот Винстон, претставува најсилната бура во историјата на Фиџи со ветрови брзи до 320 км/ч, врнежи од дожд и бранови високи 12 метри.

Оваа бура претставува една од највисоките во категоријата бури, поради што во земјата е прогласена вонредна состојба.

ОТВОРЕН СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА СЛЕДЕЊЕ И РАЗГЛЕДУВАЊЕ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ПО ГЕОГРАФИЈА
Транспарентност во работата - еден од основните принципи на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

Почитувани колеги и колешки,

Ве покануваме да учествувате на отворениот состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија која функционира во рамки на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје. Состанокот ќе се одржи на ден 15.01.2016 година со почеток во 14:00 часот, во просториите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.

Работа и дружење како две компоненти на визијата на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје

По повод Новогодишните и Божиќните празници, на 9 јануари 2016 година, ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, реализираше празничен ручек со цел одбележување на празниците и заедничко дружење на членовите.